Single Blog Title

This is a single blog caption

Соопштение за организација на ракометниот турнир Енхалон Куп 2021 18-21 Јуни!

Соопштение за пошироката јавност!

Почитувани,

чуствуваме морална и етичка одговорност да се обратиме до пошироката јавност и до институциите кој го водат спортот и владата на Република Македонија.

Ракометниот Турнир Енхалон Куп 2021 Струга ќе се одржи од 18-21 Јуни !

Засегнати од новите мерки кој што ги усвои владата на Република Македонија,
во кој што е наведено дека за организација на настани и натпревари клубовите кој што работат со млади категории ќе мора да им обезбедат соодветни тестирања на сите играчи.

Се надеваме дека мерките кој што ги изгласававте ќе ги повлечите бидејќи спортот во Република Македонија нема капацитет да се носи со ново изгласаните одредби.

Спортот во Македонија го ставивте на респиратори и на работ на егзистенција без никаква помош.
Клубовите од ден во ден трупаат се поголеми долгови према стручниот кадар и играчите а вие кажувате да обезбедиме тестирања!?
Па дали сте вие нормални бре???

Ќе одговарате за се што се случува и целиот циркус и хаос во кој го ставивте спортот и народот во

Република Македонија!

Со почит:
Ракометен Клуб Енхалон Струга

Leave a Reply